top of page

Резултат 1: Истражување на темата учество на младите во нивните локални заедници поврзани со борбата против глобалното затоплување

Нашиот прв интелектуален резултат е истражувачки извештај кој ќе го разгледа нивото на учество на младите во борбата против климатските промени и сите бариери со кои се соочуваат; бројот на организации кои работат во областа на заштитата на животната средина и активностите што ги нудат на младите. Истражувањето се спроведува во средните училишта од сите партнерски земји. Главниот фокус на истражувањето е да се открие колку младите ученици се вклучени и се информирани за проблемот со глобалното затоплување во сите партнерски земји. По ова истражување, се прави мапирање на организации кои обезбедуваат услуги поврзани со активности во животната средина и се презентира национален извештај со информации од пронајдоците. Се креира мапа која ги поврзува организациите кои ги обезбедуваат овие услуги со средните училишта каде младите можат активно да учествуваат. Дополнително, ќе биде изготвен заеднички извештај кој ќе ги претстави сличностите и разликите меѓу пронајдоците на сите земји партнери. Организациите -учеснички открија, преку нивната работа со партнери, дека организациите не се чувствуваат самоуверени во нивната способност да ги вклучат младите луѓе, особено младите со попреченост, во нивните активности. Клучен иновативен аспект на овој производ е тоа што ќе генерира оригинално истражување што може да се користи за да се реши овој јаз во инклузијата и ќе обезбеди информации за постоечките можности и за младите и за организациите кои би сакале да ги мобилизираат.


Оваа студија го испитува искуството на организациите во четири земји (Литванија, Италија, Северна Македонија и Турција).

Цели на истражувањето:

- Да дознаеме колку младите ученици во сите партнерски земји се вклучени и информирани за проблемот со глобалното затоплување.
- Да најдеме организации кои обезбедуваат услуги со еколошки активности.
- Да се обезбедат корисни информации за организациите и младите иченици со и без попреченост каде можат да се придружат во активности поврзани со нивната околина.

Резултат 2: Платформа

Резултат 2 има за цел да создаде платформа каде младите ќе можат да придонесат за подобрување на животната средина. Создадена е платформа за објавување на иницијативите што се случуваат на локално ниво.
Младите би можеле да следат какви активности се случуваат во нивната локална средина и на кои би можеле да се придружат. Младите исто така може да креираат свои иницијативи и да ги промовираат за да им се придружат повеќе луѓе.

 

Секоја од организациите ги искористи информациите добиени во текот на истражувањето - кои организации или училишта нудат активности на тема грижа за животната средина за млади луѓе со и оние без попреченост. Резултатот е оваа платформа која ја подобрува комуникацијата меѓу младите кога ја делат истата цел.


Платформата можете да ја најдете со кликнување ТУКА или во Мени панелот најгоре.

ECO-lution - logo 1(1).png
darnoje_logo-01.png
krik png.png

Проектот 2021-2-LT02-KA220-YOU-000049426 е кофинансиран од фондовите на програмата на Европската Унија „Еразмус+“.

bottom of page