

За
Наслов на проектот: ECO-lution
Акроним на проектот: ЕКО
Вкупно времетраење на проектот (месеци): 24
Проектот е кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија
Откриени потреби
Според последните официјални податоци, севкупниот европски контекст постепено се опоравува во однос на младинскиот ангажман и учество во општествениот живот и животот во заедницата, но многу (ако не и повеќето) млади луѓе во сите четири земји учеснички се сè уште неактивни, особено оние кои доаѓаат од потешка средина. Нашиот проект има за цел да се вклучи во активности на основно ниво во кое 4те партнери работат на дневна основа, фокусирајќи се на средношколците и адресирање на социјалните нееднаквости кои сè уште ги засегаат ранливите целни групи.
Цели на проектот:
- Да ги поддржиме младите да ја негуваат и да се грижат за својата околина
- Да се зголеми свеста на младите за прашањата за климатските промени
- Да се вклучат и мотивираат младите со попреченост и оние со помалку можности за учество во активности поврзани со животната средина
- Да се придонесе за социјална инклузија работејќи во мешани групи од млади луѓе со и без попреченост
- Да се обезбедат методи и ресурси за младинските работници и наставниците да работат со младите луѓе и да ги поддржат во вклучување во борбата против климатските промени
- Да се обезбеди полесен пристап на младите активно да учествуваат во промените
- Да се направи трајно влијание и навики во животот на младите за да се подобри нивната околина
Очекувани резултати и долготрајни придобивки
- IO1 Проучување на потребите од вештини на младинските работници
- IO2 Дигитална платформа за млади
- Активности за подигање на свеста за еколошките прашања во сите земји
- Настан за обука за младински работници кои потоа ќе мотивираат и ангажираат повеќе млади луѓе со и без попреченост во активностите за климатските промени
- 4 стимулативни настани насочени кон дисеминација на проектните резултати и иновации
- Намалена социјална исклученост
- Ангажирана младина и мотивирани млади луѓе
- Одржлива платформа која младите ќе ја користат по проектот за да продолжат со нивните напори да придонесат за климатските промени